
Попладнево сообраќајна несреќа се случи во близина на Воениот базен во Скопје, во која учествуваа две возила.
Од фотографиите кои стигнаа со редакцијата на 24 Инфо може да се забележи причинета материјална штета, како и метеж во сообраќајот. За евентуални повредени лица информации очекуваме во текот на денот.