Skip to main content
Хроника

Приведени мештани на Габреш и Градиште поради физички напад

16/05/2025  15:14

Под сомнение дека физички нападнале 48-годишен кумановец, полицијата вчера привела две лица од селото Габреш и едно од село Градиште.

– На 16.05.2025 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Г.Д.(54), Б.Д.(25), двајцата од село Габреш, кумановско и М.А.(34) од село Градиште, кумановско, затоа што во село Габреш физички го нападнале Д.А.(48) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.