Нова жртва на Ковид-19 во Косово, бројката на починати достигна 28 лица

Клиничкиот и универзитетски центар на Косово соопшти дека на тамошната Инфективна клиника денеска почина еден од пациентите заболени од Ковид-19, со што бројот на жртви на епидемијата на новиот коронавирус во земјата се искачи на 28, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на косовската државна болница се наведува дека се работи за 77-годишен маж од Ораховац, кој, освен од Ковид-19, страдал и од други хронични болести, што е случај и со останатите 27 досега починати.

Институтот за јавно здравство на Косово синоќа соопшти дека вчера во земјата е потврден еден нов случај на заболен од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од новиот коронавирус во земјата, од појавата на првите случаи пред речиси два месеци, достигна до 861, од кои активни се 272 случаи.

Во целата држава, согласно пропишаните методи на Светската здравствена организација, вклучително вчерашните 28 нови случаи, официјално како излекувани се водат 561 лице.

Треба да знаете
Последни објави