Пленковиќ ја прифати оставката на Крстичевиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека ја прифатил оставката на министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ, иако не го смета за виновен за несреќа која се случи со воениот авион кај Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство.

– Вакви несреќи се случуваат. Жалам што тој се чувствува така. Го почитувам, ја прифатив неговата оставка. Нема да предложам нов министер за одбрана затоа што Владата е при крај – рече Пленковиќ.

Тој додаде дека Крстичевиќ детално го информирал за околностите под кои се случила вчерашната несреќа на воениот авион кај Задар.

Парламентарните избори во Хрватска треба да се одржат во јули, а Пленковиќ рече дека и натаму ќе смета на соработката со Крстичевиќ.

Треба да знаете
Последни објави