Од почетокот на годинава за 97,95 отсто намален бранот бегалци и мигранти во Грција

Намалување за 97 отсто на бегалските и мигрантските бранови во месец април во Грција, намалување за 10,64 проценти на лицата сместени во прифатните центри на грчките острови, зголемување за 129,6 отсто на издавањето одлуки за азил, се главните заклучоци од месечниот извештај на Министерството за миграција и азил на Грција за ситуацијата во бегалското/ мигрантското прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на минатиот месец, поради пандемијата на Ковид-19 и затворените граници, бројот на бегалци и мигранти кои пристигнале во Грција се намалил за 97,26 отсто во споредба истиот период лани, додека пак од почетокот на годинава намалувањето е за 97,95 проценти.

На грчките острови и преку Еврос, во април, во Грција пристигнале само 76 бегалци и мигранти, од кои 39 се на Лезбос.

Во центрите за прием и регистрација на грчките острови, заклучно со 30 април 2020 година, сместени се 34.785 лица, а повеќе од половината, односно 18.365 се на Лезбос.

Треба да знаете
Последни објави