Skip to main content
Култура

Меѓународен научен собир „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“

15/05/2025  08:17

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска  ќе се одржи 29. Меѓународен научен собир на тема „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“, во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“.

-Медиумите силно дејствуваат во обликувањето на јазикот на една заедница, а истовремено се и многу влијателен фактор во градењето на културниот, општествениот и политичкиот живот на таа заедница. Медиумските текстови денес имаат општествена функција и се еден вид „конверзација“ за актуелни прашања, најавија од Институтот.

Обраќања ќе имаат директорката на Институтот за  македонски јазик Елена Јованова-Грујовска и претседателката на Меѓународниот организациски одбор Катица Топлиска-Евроска, а промотор на Зборникот Јазикот во уметничката литература ќе биде проф. д-р Лилјана Макаријоска.