Skip to main content
Скопје

Пет години станари на скопската улица „Орце Николов“ стравуваат дека зградата ќе се запали од ќебапчилница која место вентилација избушила отвор во фасадата, миризбата им влегува дома

14/05/2025  16:56

Пет години, жителите во зграда на улицата „Орце Николов“ број 206 спроти Машински факултет во скопски Карпош живеат во страв дека зградата ќе се запали, поради несоодветно изградена вентилација на ќебапчилница која се наоѓа во деловен објект во нивната зграда.

Неправилно изведениот вентилациски отвор е причина и за ширење на неподнослива миризба и чад, која го оневозможува нормалното живеење и користење на сопствените посебни единици на станарите, за кои проветрувањето на воздухот или пиењето кафе на тераса е незамисливо, а дел трпат и економски последици бидејќи ниту еден потстанар не се задржува во станот.

Од Општина Карпош на поплаките на граѓаните велат дека извршиле инспекција и констатирано е оти нема загадување од миризбата, а ќебапчилницата има Елеборат за заштита на животната средина. Од Пазарната инспекција, пак, помош побарале од Инспекторатот за животна средина и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) оти таа немала надлежност да постапи.

Граѓани преку алатката на САКАМДАКАЖАМ.МК Пријави корупција доставија документи за битката која ја водат со државните институции за работата на ова ќебапчилница чиј отвор за вентилација е неправилно изведен, а како што велат, спорно е и дали воопшто има исполнување на условите за заштита од пожар и елаборат за противпожарна заштита.

Силно потресени и погодени од целата ситуација, а како попластично би ги образложиле грижите на станарите, бараме инспекторите во Државниот инспекторат да се стават на местото на станарите и да се запрашаат дали ќе можат мирно да спијат знаејќи дека во срцето на Скопје, во десеткатница има ќебапчилница во која се пече месо со несоодветно изградена вентилација. Потенцијал за пожар, буквално темпирана бомба. Стравот од пожар е оправдан, бидејќи не се исполнети пропишаните минимално-технички услови предвидени со член 9 и член 19 од Правилникот за минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност“, се вели во пријавата која ни ја испратија граѓаните, а е доставена до Државниот пазарен инспекторат.

Основниот проблем, како што велат граѓаните, потекнува од фактот што при изградбата на зградата, со основниот проект за деловниот објект каде сега се врши угостителска дејност, не е предвидено вршење ваква дејност и не е предвиден вентилационен систем односно канал. Кога сопственикот на ќебапчилницата го купил деловниот објект и го подготвил за вршење на угостителска дејност, соочен со немањето вентилационен систем, го избрал за него најлесниот можен начин и буквално со цевка, воздухот и пареата, ги изнесува надвор од деловниот објект преку пробушен отвор на самата фасада од објектот.

„Станува збор за угостителски објект во кој се подготвува храна и треба да се исполнат посебни законски услови и мерки за безбедност и противпожарна заштита, како и посебни канали за вентилација и одвод на заситени издувни гасови. Неопходен е проект за пренамена/ адаптација на просторот, а пред сè елаборат за противпожарна заштита, елаборат за заштита на животната средина и вентилација на просторот. Не може венталацијата да биде со дупка на фасадата, туку со канали треба да се изнесе над слемето на зградата, а тоа не е направено“, велат станарите.
По многубројните пријавите на станарите во Општина Карпош, на 17 јануари 2020 донесено е решение со кое сопственикот е задолжен да ги отстрани недостатоците во рок од 30 дена од кога е констатирано дека немаат изработено елаборат за заштита на животната средина. На 16 јуни 2020, Општината носи решение со кое се одобрува Елеборатот за заштита на животна средина. На 4 ноември 2020 се наредува на инвеститорот да ја отстрани градбата, да се врати во првобитна положба и да се изведе вентилација по вертикала на зградата. На 19 јули 2021, од Општина Карпош е одговорено дека правниот субјект ги почитува одредбите од Елаборатот за заштита на животна средина и дека е сложен да изведе вентилација за одведување на мирисите кои се создаваат по вертикала на зградата. Но, како што велат станарите, објектот сè уште работи со оџак на фасадата.

„Со години ја трпиме миризбата во сопствени домови, а по последниот трагичен настан воКочани не можеме ниту мирно да спиеме од страв од можен пожар, но институциите никако не реагираат“, велат станарите.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.