Skip to main content
Хроника

Кај 62-годишник во демирхисарско биле пронајдени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми

14/05/2025  16:13

Денеска полицијата од Демир Хисар го уапсиле 62-годишниот М.С. од с.Обедник, демирхисарско поради поседување нелегално оружје и муниција.

„Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар“, се вели во извештајот на МВР.

Од тау посочуваат дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.