Skip to main content
Македонија

По 18 дена пешачење, поклоникот Серафимоски од Скопје стигна до моштите на Св. Петка

14/05/2025  15:08

Поклоникот Сашо Серафимовски од Скопје утрово стигна до соборниот храм во Јаши, Романија, каде се наоѓаат моштите на Света Петка.

„Ви благодарам од се срце и душа , што ми дававте подршка на ова поклонувачко ходочасно одење , нека молитвата ви биде за здравје и спасение полно со љубов и благодет. Бидете ми живи и здрави од Бога Благословени“ напиша Серафимовски на социјалните мрежи.

Тој за Јаши, Романија од Скопје тргна пеш на 26 април и пеш помина над 1.200 километри, постојано придружуван од комбе за секој случај.

Серафимовски го најави и следното поклонувачко патување кое ќе започне на 26 мај а чија крајна дестинација ќе биде манастирот Острог во Црна Гора.