Skip to main content
Хроника

Претепана жена во Кичево – Прво ја тепал сопругот, пoтоа му се придружил и синот

14/05/2025  13:28

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против П.Д.(57) и Б.Д.(26), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.

На 12.05.2025 во 20.30 часот во семејниот дом, П.Д. физички ја нападнал неговата сопруга, по што се приклучил и неговиот син Б.Д. нанесувајќи и телесни повреди.

Основниот суд во Кичево донесе решение за отстранување на сторителите од домот во период од 30 денови.