(Видео) Обрадовиќ со физичка сила исфрлен од српското собрание

Припадниците на обезбедувањето во Сорбранието на Србија го изнеле со примена на физичка сила пратеникот и лидер на Двери, Бошко Обрадовиќ, откако одбил да ја напушти салата во која свирел и недозволувал да работи највисокиот законодавен дом. Седницата на која пратениците во Србија требаше да расправаат за укинување на вонредната состојба во земјата поради коронавирусот е прекината.

Обрадовиќ застанал пред претседателката на парламентот Маја Гојковиќ и почнал да дува во свирчето создавјаќи бука и извикувајќи „долу влада“ , „долу Вучиќ“, пренесуваат медиумите од соседството.

Гојковиќ побарала Обрадовиќ да ја напушти салата и дала 15 минути пауза. Обезбедувањето најпрво се обидело да го убеди Обрадовиќ самиот да излезе, а откако не ги послушал тие биле принудени физичка да го отстранат.

Откако бил одстранет од салата Обрадовиќ во ходникот на Собранието изјавил дека влегол на седницата за да ја пренесе пораката до народот како власта се однесува за време на вонредна состојба и во борбата против пандемијата со коронавируспот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави