Skip to main content
Хроника

Пронајдени четири жени мигранти од Кина во „ауди а4“ со швајцарски таблички, едната била во бесознание

13/05/2025  14:38

Синоќа во 20.15 часот во близина на Граничен премин Богородица, полицијата забележала како во„ауди а4“ со швајцарски национални ознаки влегуваат неколку лица мигранти. Возилото не застанало на знак за запирање и продолжило со движење. Набргу, во 20.20 часот возилото било пронајдено и во негова близина биле пронајдени четири женски лица – мигранти од Кина, од кои едната била во бессознание и била пренесена во болницата во Гевгелија за укажување помош, а останатите три лица мигранти биле сместени во прифатно – транзитен центар.

Од полицијата посочуваат дека за настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.