
Триесет и тригодишен скопјанец кој извршувал затворска казна во „Идризово“ нападнал затворски полицаец.
„Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, при извршување претрес во соба, осуденикот Р.Ш.(33) од Скопје физички нападнал затворски полицаец“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.