Skip to main content
Македонија

Жерновски: Владата на Мицкоски не ја напушти било која партија, Таравари не е било кој политичар, туку клучната фигура

13/05/2025  13:06

Ниту една политичка партија не напушта влада која е успешна. Никаде и никогаш. Напротив, се заминува тогаш кога таа влада нема резултати. Или, најчесто, кога има, но се катастрофални. Така е (дури) и кај нас, пишува на социјалните мрежи Андреј Жерновски, поранешен заменик-министер во МНР откако вчера Таравари соопшти дека неговата партија одлучила да си замине од Владата.

„Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да си заминат од Владата.

Да се потсетиме. Тоа не е било кој политичар, туку клучната фигура со чија кандидатура на последните претседателски избори дојде до целосен пресврт во албанскиот политички кампус, што повлече одлучувачки импликации и врз целокупниот.

Владата на Мицкоски ја напушти не било која партија, тука главниот senior partner. А тоа кажува многу, да не речам се’.

Таравари потенцира дека одлучиле да излезат од Владата за да се вратат кај народот. Сурова и прецизна опишана реалност, бидејќи оваа влада по само неколку месеци од својот мандат “успеа” да се оттуѓи од граѓаните, од оние кои и’ дадоа огромна доверба, кои веруваа во неа“, вели Жерновски.

По само неколку месеци, стана јасно, како што вели, дека оваа политичка гарнитура ги погази сите, предизборни ветувања.

„Наместо да ги направи горди граѓаните, ги понижи, нарекувајќи ја Македонија “нашата земја”. А друго се ветуваше, зарем не?

Ги понижува секојдневно со веќе неподносливата економска состојба, во која слободно дивеат цените на основните прехранбени производи, не презимајќи никакви мерки за да ги стабилизира цените.

Во право е професорот Узунов кога вели дека Македонија ја живее најлошата економска состојба во последниве децении“.

Сведоци сме, додава Жерновски, на девастирана бизнис клима, во која 9 месеци нема враќање на ДДВ и плаќање на обврски кон стопанството.

„Што да кажеме за дезориентираната надворешна политика која, во очигледна немоќ, се претвори во туристичка дипломатија. Повторно станавме изолирана држава, никој веќе не ни доаѓа во посета.

Сведоци сме на афери на актуелни министри и директори кои веќе не можат ни да се набројат, се’ збогатено со безброј примери на непотизам, за кои веќе нема ни деманти.

Едно нешто требаше да знае Мицкоски, а тоа е дека што поголема доверба добиеш од граѓаните, толку е поголемо нивното разочерување кога ќе ги разочараш и излажеш.

Сега, по сето ова, тој останува со само еден крајно нестабилен junior partner, каде е прашање на време кога ќе излезат на површина внатрешните превирања“, пишува Жерновски.

Во заклучокот вели дека некогаш големото парламентарно мнозинство почна да се ситни.

Тоа, како што оценува, е процес кој ќе продолжи да трае и кој ќе донесе дополнителна нестабилност во фунционирање на Владата.

„Оттаму, смело, се надевам не и арогантно, ќе си дозволам да прогнозирам три работи:

– Дополнителен број на пратеници од ВРЕДИ кои ќе преминат на другата страна.

– Поделба во пратеничката група на ЗНАМ.

– Следствено на сето ова, вонредни парламентарни избори, кои ќе се одржат заедно со локалните, но поверојатно идната пролет.