Skip to main content
Македонија

„Само да не те сретнам, не ми се смеј цинично“ – му рече на Јованов еден од семејството Кулакови

13/05/2025  11:30

Дванаесет години затвор доби Васил Јованов, кој пред пет месеци на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази младата Фросина Кулакова. Тој е обвинет за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Јованов доби и забрана за управување возило во траење од пет години.

Видно вознемирен и незадоволен од пресудата, таткото на Фросина, ја напушти судницата извикувајќи „Судот – мафија“. Мајката и сестрата на Фросина останаа во судницата до крајот на читањето на пресудата. Тие носеа маички на кои пишува „Правда за Фросина“.

Родителите на Фросина побараа максимална казна за сторителот, односно 20 години.

Судијката Снежана Марковска образложи дека Судот, ја ценел како отежителна околност при одмерување на казната на обвинетиот, загубата на млад човечки живот, но и поранешното „деликвентно“ однесување на обвинетиот.

Семејството на починатата Фросина е незадоволно од самата пресуда, па реакциите на револт беа очигледни.

По читање на пресудата таткото на Кулакова извика “Судот – мафија!”, додека друг член од семејството му се обрати на Јованов – “Само да не те сретнам, не ми се смеј цинично“.

“Немам никакво барање, благодарам“, рече обвинетиот Васил Јованов.