Skip to main content
Македонија

Гафот на Мицкоски дека македонскиот јазик е кодификуван во 1977 година е далеку посериозен од оној на Каранфиловска за кандидатскиот статус на Македонија

12/05/2025  20:12

На социјалните мрежи особено од членови и функционери на партијата ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ деновиве се коментира обраќањето на заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска која кажа дека Македонија кандидатскиот статус за ЕУ го добила во 2009 година.

Тоа не е точно бидејќи статусот земја кандидат за ЕУ Македонија го доби четири години претходно односно во 2005 година.

Но, оваа грешка на вториот човек во СДСМ е помала од гафот на премиерот Христијан Мицкоски во однос на македонскиот јазик.

Ставот на Пановска околу кандидатскиот статус заврши само на социјалните мрежи, но погрешната информација на Мицкоски заврши и на регионални медиуми.

Мицкоски на српска телевизија, пред српската јавност, тврдеше дека македонскиот јазик бил кодификуван дури во 1977 година.

Тоа, не е точно бидејќи кодификацијата на македонскиот јазик се случила дури повеќе од три децении порано, односно во 1944 година.

Од многумина таквите тврдења на Мицкоски се толкуваа како негирање и загрозување на македонскиот јазик од негова страна.

Оттаму, се доаѓа до заклучок дека гафот на Мицкоски за македонскиот јазик е далеку посериозен од оној на Каранфиловска Пановска.