Skip to main content
Хроника

Пешак сред ноќ прегазен на Кванташки пазар во Струмица

12/05/2025  13:40

Денеска околу 04.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека во кругот на Кванташки пазар во Струмица, возило „фиат добло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.М., удрило во пешакот Г.К.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Струмица, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.