Skip to main content
Хроника

Син го уби таткото, мајката се бори за живот – обвинителството бара притвор

11/05/2025  22:21

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против 47-годишен маж од селото Србјани, осомничен за убиство и обид за убиство на своите родители. Според обвинителството, утрово во дворот од семејната куќа, при семејна расправија, осомничениот најпрво го прободел својот татко со нож, а потоа го удирал со секира по главата. Потоа, ја нападнал и мајка му, нанесувајќи ѝ убоди во вратот.

Таткото починал додека му била укажувана прва помош, а мајката, во тешка состојба, била пренесена на Ургентниот центар во Скопје.

Јавниот обвинител веќе доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој се товари за кривично дело убиство и обид за убиство по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.