Skip to main content
Балкан

Тепачка на избирачко место во Албанија – се слушнале и истрели

11/05/2025  18:54

На избирачкото место број 871, во градот Фуше Милот во Албанија, дојде до физички конфликт меѓу две лица, јавуваат албанските медиуми.

Се уште не е познато што го предизвика инцидентот кој започна внатре во избирачкото место, а потоа продолжи на улицата, каде се слушаа и истрели.

На местото на настанот брзо пристигнаа бројни полициски единици.

Според неофицијални информации, во инцидентот учествувале две лица.

Граѓаните на Албанија денеска излегуваат на гласање за да ги изберат своите претставници во новото свикување на парламентот, кои ќе го служат мандатот во наредните четири години.