Skip to main content
Македонија

Скандал во клиничкиот центар: Девојче тврди дека било допирана од доктор во тоалетот

11/05/2025  16:12

Во СВР Скопје синоќа е пријавен случај на недолично однесување кон малолетничка во болнички објект во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Според пријавата, девојче од виничко, згрижено на клиниката, изјавило дека околу 21 часот во тоалетот било допирано по телото од страна на доктор.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека веднаш се започнати мерки за целосно расчистување на случајот и се постапува согласно законските процедури.