
Денеска (11.05.2025) во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, било опожарено патничко возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.