Skip to main content
Скопје

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

10/05/2025  22:54

Веќе три дена улично светло на булеварот „Трета македонска бригада“, спроти Крстот во скопската општина Аеродром, лежи паднато покрај коловозот, иако сè уште е вклучено и функционално. Светилката претставува потенцијална опасност за пешаците и возачите, особено во вечерните часови, но досега нема никаква интервенција од надлежните служби на Град Скопје.

Жителите на овој дел од Аеродром велат дека ситуацијата го отсликува односот на институциите кон безбедноста и одржувањето на јавната инфраструктура. И покрај тоа што проблемот е јасно видлив и се наоѓа на фреквентна локација, засега нема најава кога ќе биде саниран дефектот.

Се очекува Град Скопје и надлежните служби да реагираат во најкраток можен рок и да ја отстранат опасноста која стои на јавна површина веќе неколку дена.