Skip to main content
Спорт

Сите 600 вработени во ПСЖ ќе го гледаат финалето на Лигата на шампионите во живо во Минхен

10/05/2025  21:31

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, ќе ги предводи сите 600 вработени во клубот за да го гледаат финалето на Лигата на шампионите против Интер во живо на 31 мај, кое ќе се игра на стадионот на Баерн Минхен.

Горди сме што сме еднo семејство, семејство на Париз Сен Жермен кое гордо го претставува Париз и Франција на големата сцена. Затоа сите наши вработени ќе имаат можност во живо да го бодрат тимот на стадионот во Минхен во финалето на Лигата на шампионите. Ви благодариме за сиот ваш труд, посветеност, професионалност и страст кон клубот, стои во писмото на Ал-Келаифи испратено до сите вработени.

ПСЖ на 31 мај во Минхен, по вторпат во историјата ќе игра во финале на Лигата на шампиони и ќе се обиде за првпат да дојде до најпосакуваниот трофеј во клупскиот фудбал во Европа.