Цапак: Добивам недолични пораки, ме нарекуваат Хитлер на денешницата

Членот на кризниот штаб и прв човек на Институтот за јавно здравје во Хрватска, Крунислав Цапак открива дека добива електронска пошта со заканувачка содржина од незадоволните граѓани.

-Германски епидемиолог добива смртни закани. Јас немам закани по мојот живот, но имам многу пораки во кои ме навредуваат недолично, па ми пишуваат дека сум Хитлер на денешницата, дека дошле моите пет минути, дека мерките кои ги применуваме не се корисни…вели Цапак кој синоќа сепак одлучил да излезе да прошета по Загреб и видел сосема поинакви позитивни реакциите од граѓаните.

Според членот на Кризниот штаб пренесувањето на коронавирусот меѓу децата оди многу потешко, но и симптомите се многу послаби. Што се однесува до туристичката сезона во Хрватска, Цапак потенцира дека во земјата имаат поволна епидемиолошка ситуација и предност во однос на земјите кои им се конкуренција во оваа областа како Италија, Шпанија па и Турција.

-Постои можност да ни пристигнат авто-туристи. Но тоа ќе зависи и од епидемиолошката ситуација од земјите од каде ќе доаѓаат, бидејќи прашање е дали ние ќе ги прифатиме. Со „ковид пасошите“ треба да бидеме внимателни, бидејќи не можеме да бидеме сигурни дека лицата кои ќе пристигнуваат не се инфицирани – вели Цапак и додава:

-Овој вирус е грозен. Ни создава многу компликации. Не знаеме кој, каде и како може да ни го пренесе. Затоа кого ќе се сретнеме со некого не треба да се приближуваме еден до друг, туку да останеме на дистанца. Физичката дистанаца е најважната мерка за справувањето со ширењето на вирусот – додва Цапак.

Според него носењето маски е препорака и смета дека граѓаните ќе ја почитуваат, но доколку се оглушуваат на овој апел тогаш ќе стане обврска. Граѓаните треба да ја ност маската во затворен простор, во јавен превоз…  Првиот човек на Институтот за јавно здравје додава дека треба да се биде внимателен и во текот на целото лето.

За евентуален вториот бран во текот на есента, можат да се сретнат најразлични вести поврзани со  коронавирусот, за што хрватскиот епидемиолог има свој став:

-Никој не знае. Вакви кажувања се лаги – вели Цапак.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави