Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.034.620 лица. Од нив починале 209.363, а оздравеле 914.925 луѓе.

– Од 1 до 3 мај во Турција ќе биде воведен полициски час во 31 округ. Полицискиот час во викендите во рамки на борбата против Ковид-19 ќе продолжи до крајот на празникот Рамазан бајрам.

– Италијанските власти соопштија за 333 нови смртни случаи од новиот коронавирус во земјата во последните 24 часа. Вчера, бројот на смртни случаи во 24 часа беше 260. Со ова, бројот на смртните случаи во земјата е 26.977. Бројот на нови заразени опадна во последните 24 часа, со 290 случаи помалку од претходниот ден. Тие се вкупно 105.814. Вкупниот број на заразени лица во земјата од избувнувањето на епидемијата во февруари е 199.414, вклучително починатите и оздравените. До денеска се излекувале вкупно 66.624 лица.

– Велика Британија регистрираше уште 360 смртни случаи од Ковид-19. Податоците се за последните 24 часа. Вкупно 21.092 луѓе починале од Ковид-19 во државата, не вклучувајќи податоци од домови за нега на стари лица. Бројот на потврдени случаи на зараза е веќе 157.149, што е за 4.310 повеќе од вчера. Во државата моментно се суспендирани 4 милиони работни места, а четвртина компании престанале со работа. Тоа го изјави министерот за финансии Риши Сунак.

-Во последните 24 часа, од коронавирусот во Турција починаа уште 95 лица, со што вкупниот број на жртви е 2.900, соопшти денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Во тој период, во државата се откриени уште 2.131 нови случаи на заболени. Вкупниот број на заразени лица достигна 112.261. Вкупно 1736 пациенти се во одделенија за интензивна нега. Вкупниот број на оздравени досега е 33.791 лица.

-Во Египет починаа 20 лица во еден ден од компликации поврзани со Ковид-19, најголем број жртви во таа држава од почетокот на пандемијата. Заразени се дополнителни 248 лица, што е и најголем дневен број новозаразени од почетокот на епидемијата.

– Во последните 24 часа, најмалку 596 лица починаа од коронавирусот во САД, а уште 6.700 се заразени, меѓутоа, тоа не се конечни резултати, бидејќи сите држави не доставиле податоци за бројот на заразени и починати пациенти. Досега во САД се пријавени 993.852 случаи на заразени со коронавирусот, а најмалку 56.000 луѓе починале.

Треба да знаете
Последни објави