Skip to main content
Скопје

Во недела ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

09/05/2025  21:56

Согласно добиено известување од Град Скопје- Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи -Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на ден 11.05.2025 година (Недела) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во ист термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.