Skip to main content
Скопје

(Видео) Жонглер ги забавува возачите и минувачите во центарот на Скопје

09/05/2025  10:11

Во Скопје последните години сообраќајниот метеж станува се поголем.

Но од друга страна често пати на фреквентните крстосници се појавуваат млади уметници кои го користат црвеното светло да ги анимираат возачите и пешаците.

Така беше и утрово на крстосницата кај Црвен крст. Младо момче жонглираше со чадори и топки додека возачите чекаа да се вклучи зелено светло.

Освен што го разбубавуваат градот, талентираните момчиња успеваат и да заработат некој денар.