Уште пет лица починаа во Грција од Ковид-19, регистрирани нови 27 случаи

Бројот на жртви од Ковид-19 во Грција се зголеми на 130 лица, откако во изминатите 24 часа починаа уште петмина, додека пак регистрирани се 27 нови случаи, односно 2.490 од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Приклучени на апарати се лекуваат 48 лица, а 60 пациенти се отпуштени од Одделите за интензивна нега.

Досега, во Грција, анализирани се 61.407 примероци.

Треба да знаете
Последни објави