Гренланд се колеба околу понудата за финансиска помош од САД

Додека американскиот предлог да му се помогне на Гренланд, финансиски удри во болно место во Данска, која го оцени како незамислив, реакциите во Гренланд се многу поблаги, пренесува „Спутник“.

Сè додека не се познати точните услови за финансиската помош од Вашингтон, нема причина да ја отфрлиме, велат пратениците од Гренланд за ветувањето за помош на американскиот амбасадор Карла Сандс.

Во својата неодамнешна колумна во весникот „Алтингет“, Сандс изрази желба да соработува со целото данско кралство за да ги промовираат претприемништвото и иновациите и со тоа да го стимулираат одржливиот економски развој на Арктикот. Притоа, американската влада подготвува значителен пакет финансиска поддршка за промовирање на растот на Гренланд.

Реакциите од двете водечки партии на Гренланд, социјалдемократскиот Сиумт и Инуит Атакатигит, беа многу пофлексибилни. Аки-Матилда Хег-Дам од Сиумут го нарече предлогот начин да се каже „отворени сме за бизнис“.

„Ако само им ја треснеме вратата, тоа ќе беше понепристојно од она што наводно го прават САД. Премалку знаеме за тоа што сакаат САД за да кажеме ‘не, благодарам’. Верувам дека е важно да направиме чекор назад и да признаеме дека и Данска е зависна од другите земји. Ајде да се опуштиме и да видиме што ќе биде понудено“, рече Хаг-Дам за Данското радио.

Аја Хемниц Ларсен од „Инуит Атакатигит“ изјави дека потегот на САД не е изненадувачки, бидејќи интересот за Гренланд, каде што САД ја има својата најсеверната база, Туле, од 1950-тите, се намалува.

„Американците во основа се добредојдени ако сакаат да дадат финансиски придонес и да инвестираат во Гренланд. Но, важно е да нагласиме дека не им должиме ништо потоа“, рече Хемниц Ларсен.

Иако не е невообичаено данските политичари да делат слични чувства со оглед на тоа дека „руската закана“ и „кинеската закана“ се чини цврсто влегоа во наративот што го користеа и политичкиот врв, разузнавачката заедница и меинстрим медиумите, предлогот на САД внесе лоша крв меѓу данските партии.

Сандс и Вашингтон се обидуваат да го поткопаат единството меѓу Данска, Гренланд и Фарските Острови во корист на своите стратешки интереси, посочи портпаролот на Социјалистичката народна партија на Гренланд, Карстен Хонге.

„Тие не можат да го загрозат Гренланд. Не можат да купат Гренланд. Сега се обидуваат да ја замајат гренландската јавност на вистински начин, така што во одреден момент ќе им биде природно да ги изберат САД како партнер. Ова е нечуено“, рече тој.

Градоначалникот на Гренланд од национал- конзервативната Данска народна партија, Сорен Есперсен, исто така, е згрозен од однесувањето на САД.

„Се чини чудно. Изразот ‘значителен економски поттик’ е нешто што ќе го кажете за земјите од третиот свет кога ќе дадете помош за развој. Но, Гренланд не е земја во развој. Тој е западна демократија“, рече Есперсен.

Сорен Есперсен се прашува зошто тој и Комисијата за надворешна политика во данскиот парламент не биле свесни за американските планови во Гренланд.

Минатата година американскиот претседател Трамп ја шокираше Данска со својата предлог за купување на Гренланд, понуда што данската премиерка Мете Фредериксен учтиво ја одби, објаснувајќи дека Гренланд не е на продажба, по што Трамп ја откажа најавената посета.

До денес Гренланд е крајно зависен од годишната субвенција од 3,5 милијарди дански круни (510 милиони американски долари). Иако ужива широка автономија и е дом на „Туле“, најсеверната воздухопловна база на САД, Гренланд останува дел од данското кралство.

Но американските планови да го засилат присуството таму се во полн ек. САД неодамна отворија конзулат на Гренланд со надеж дека ќе станат најпосакуван трговски партнер на Арктикот. Сандс напиша дека конзулатот во главниот град Нук ќе биде почетна точка за зголемен, секојдневен контакт со народот на Гренланд.

Треба да знаете
Последни објави