Skip to main content
Македонија

Пронајден 24-годишниот кумановец по неколку часа потрага

08/05/2025  14:12

Пронајден е 24-годишниот кумановец по неколку часа откако неговото семејство пријави во полицијата дека е исчезнат, потврди денеска полицијата.

Семејството преку социјалните мрежи упати апел до граѓаните да помогнат да се најде нивниот син.

Вчера во 15.10 часот во СВР Куманово, Љ.Љ.(57) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син Ф.Љ.(24) од Куманово. По преземени мерки и активности, околу 21.00 часот лицето било пронајдено во село Романовце, кумановско и било пренесено во здравствена установа, соопшти МВР.