Почнува светиот муслимански месец Рамазан

Вечерва со заоѓање на сонцето за сите муслимани почнува светиот месец на постот, Рамазан, а сите активности поврзани со празникот ќе бидат прилагодени на актуелната ситуација и мерки преземени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Рамазан е месец на задолжителен пост за сите  полнолетни, здрави муслимани, кои не се на пат, болни, родилки или бременижени и деца.

Постот подразбира воздржување од храна и пиење, но и лоши мисли и дела од изгрејсонце до зајдисонце.

Месецот Рамазан е деветти месец од исламскиот календар што некогаш има 29, а некогаш 30 дена.

Муслиманите постат во сите годишни времиња според лунрниот  календар. Годината на муслиманскиот календар е пократка за десет дена од сончевата година, така што Рамазан секоја година се менува за десет дена.

Оваа година Рамазан има 30 дена.

Постот за Рамазан е најголемата верска обврска и еден вид на издржливост, сила на волја и верба.

Постот е исто така можност да се покаже солидарност со оние кои се жедни и гладни поради сиромаштија, не по своја волја.

Се смета дека со постот телото се прочистува од штетни работи.

По завршување на месецот Рамазан, следува тридневен празник Рамазан Бајрам.

Треба да знаете
Последни објави