Честитка на претседателот Заев до припадниците на исламската вероисповед по повод почеток на светиот месец Рамазан

Почитувани граѓани, ценети верници од исламската вероисповед,Се наоѓаме во пресрет на светиот месец Рамазан кој освен што е еден од петте исламски столбови, истовремено го означува и почетокот на објавата на светата книга Коранот. Книга која што се почитува и практикува вековито од верниците на Исламската вероисповед.

Во овој благословен месец, муслиманските верници покрај дневните молитви, ја извршуваат и обврската на постот. Им посакувам на сите нив и нивните семејства лесен пост, да имаат мир, спокојство, разбирање, милост, трпение, почит, хуманост и взаемна помош.
Минуваме низ период кога глобалната пандемија на коронавирусот го зафати светот, а мерките за заштита на здравјето на граѓаните доведе до затварање на вераските објекти, џамиите и другите места за молитви. Тоа сигурно нема да ги спречи верниците да ги обавуваат молитвите и верските обреди покрај нивните семејства и домови. Секогаш имајќи го предвид фактот дека грижата во зачувувањето на јавното здравје не е само медицинска туку  заедничка цел.
Молејќи го Господ за вашето здравје и посакувајќи ви лесен и прифатлив пост, заеднички да придонесеме во нашата земја да има радост, меѓучовечка толеранција и хармонија.
Треба да знаете
Последни објави