Поранешниот претседател на Грузија, Саакашвили ќе биде заменик на украинскиот премиер

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили објави дека е повикан на функцијата вицепремиер на Украина, и ќе биде задолжен за реформи.

Саакашвили е еден од најпрепознатливите лидери на постсоветскиот свет. Тој го водеше украинскиот црноморски регион Одеса од 2015 година, но поднесе оставка откако се раздели со својот поранешен сојузник и познаник од студентските денови во Киев, тогашниот украински претседател Петро Порошенко.

Тој објави дека бил повикан во Владата актуелниот претседател на УкраинаВолодимир Зеленски, кого го поддржал на минатогодишните избори.

– Голема чест е да се прими понуда од претседателот Зеленски да станам заменик премиер задолжен за реформи”, објави на Саакашвили на својот Фејсбук профил.

Треба да знаете
Последни објави