
На 7 мај 2025 година, во 23:32 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека избувнал пожар во стан на улицата „4 Јули“ во Кичево, сопственост на 72-годишната З.С.
За жал, од здобиените повреди во пожарот, сопственичката починала на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
На местото на трагедијата излегле екипа од ОВР Кичево и јавен обвинител, кои извршиле увид. По наредба на обвинителот, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта и околностите под кои настанал пожарот.
Причините за пожарот засега остануваат непознати и истрагата е во тек.