Skip to main content
Магазин

КАРОЛИНА СО НОВА ПЕСНА ГИ ИЗРАДУВА ОБОЖАВАТЕЛИТЕ – ,,MOG ŽIVOTA DIO”

07/05/2025  20:20

Македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева со задоволство ви ја претставува песната ,,MOG ŽIVOTA DIO”, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет.

Позади песната стои Дино Мухаремовиќ (музика и текст), кој е автор и на последниот сингл на Каролина, ,,Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор и долгогодишен соработник на Каролина.

Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Риека, додека видео спотот е дело на Миомир Милиќ.

Стилист: Јована Зука
Облека: Јована Филиповиќ
Коса: Октај Сејди
Шминка: Дадар