Skip to main content
Балкан

Шест вагони цистерни со фосфорна киселина излетаа од шини во Србија

07/05/2025  11:06

На железничката пруга Неготин-Зајечар, помеѓу Брусник и Рготина, ноќеска излетале од шини шест вагони-цистерни натоварени со фосфорна киселина, но немало истекување, испарувања и нема опасност по човечки живот или животната средина.

Сообраќајот во моментов е во прекин на тој дел од железничката пруга, се наведува во соопштението од „Србија карго“.

Излетувањето од шините на вагоните-цистерни на компанијата „Еликсир“ се случило во 1.45 часот по полноќ.

Товарниот воз имал 12 вагони-цистерни и патувал од Прахово до Шабац.
Во тек е  утврдување на причината за таа несреќа од страна на надлежни органи – се вели во соопштението.