Skip to main content
Економија

Национална платформа за вработување на Роми

07/05/2025  08:55

Во организација на Иницијативата за економски развој на Ромите „Реди“ денеска во Скопје ќе се одржи настан „Национална платформа за вработување на Роми“. Целта е да се обединат претставниците на националните институции, приватниот сектор, граѓанските организации и меѓународните партнери, за дискусија за инклузивни и одржливи решенија за вработување на ромската заедница.

Како што соопштија организаторите, во рамките на платформата ќе биде презентирана Студијата за влијанието на владините мерки и политики за вработување и самовработување со релевантност за Ромите во државата, подготвена со поддршка од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Интеграција на Роми – трета фаза”.

На настанот предвидено е обраќање на државната советничка за сектор труд во Министерството за економија и труд, Ленче Коцевска, програмскиот менаџер за ЕУ политики од Делегацијата на Евpoпска Унија во Скопје, Мауро Мацоли, помошник раководител на Сектор за активни мерки и услуги за вработување од Агенцијата за вработување, Виолета Стојановиќ и извршниот директор од „Реди“, Петрика Дулгеру.