Коснет ја критикува расистичката, сексистичка и хомофобична реторика во Косово

– Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет, упати критики на политичката реторика во земјата, која, според него, „како и во други земји, често деградира во расизам, сексизам и хомофобија”, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коснет вели дека на тој начин се понижуваат тие кои напаѓаат некого врз основа на етничката и родовата припадност, или сексуалната ориентација.

Американскиот дипломат им порача на косовските политичари да ги обесхрабруваат тие што се користат со јазик на омраза и да се служат со факти, наместо со навреди.

– Политичката реторика во Косово, како и во други земји, често се деградира во расизам, сексизам и хомофобија. Ова ги понижува тие што вршат такви напади и тие кои тоа го толерираат. Лидерите имаат одговорност да го обесхрабруваат таквото нагрдување. Фокусирајте се не факти, не на навреди, порача Коснет преку својот Твитер.

Треба да знаете
Последни објави