Skip to main content
Македонија

Скопје ќе биде домаќин на CASSINI Хакатонот

05/05/2025  21:04

Од 16 до 18 мај 2025, Скопје и Република С.Македонија за првпат ќе бидат домаќини на еден од најпрестижните европски иновациски настани – CASSINI Hackathon, кој ќе се одржи во ИТ хабот Netaville, под покровителство на Европската комисија и EUSPA (Агенција на ЕУ за вселенска програма).

  • Следење и реакција при болести и здравствени ризици;
  • Подобрување на итните медицински услуги;
  • Унапредување на менталното здравје и благосостојба;

Настанот ќе ја обедини технолошката, здравствената, академската и стартап заедницата, со учество на студенти, експерти, претприемачи и ентузијасти, и е поддржан од бројни национални и меѓународни организации.