Во Словенија нема нови случаи на починати од коронавирусот

По подолго време во Словенија не се регистрирани нови случаи на лица починати како последица на коронавирусот, јави дописникот на МИА до Љубљана.

Во изминатото деноноќие здравствените власти регистрираа само 21 случај на новозаразени со вирусот, што претставува намалување во однос на вчерашниот ден. Бројот на вчера тестираните изнесува 1023.

Порад Ковид-19 на болничко лекување се наоѓаат 99 лица, а 31 пациент е на одделите за интензивна нега.

Изминатите 24 часа, од болница биле отпуштени девет пациенти.

Треба да знаете
Последни објави