Словенија ја продолжи важноста на возачките и сообраќајните дозволи до 17 јуни

Поради епидемијата на коронавирусот словенечката Влада донесе одлука да ја продолжи важноста на возачките дозволи до 17 јуни, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ваква одлука се нови по втор пат, откако веќе еднаш беше продолжена важноста на возачките.

Со уредба се продолжи и важноста на сообраќајните дозволи, исто така до 17 јуни. Причина за ваквата одлука е што станиците за технички преглед на возилата и сервисите се уште затворени.

Треба да знаете
Последни објави