
Неколку средни училишта во Подгорица денеска се евакуирани поради дојава за подметнати експлозивни направи.

Дојави добија Гимназијата „Слободан Шкеровиќ“, Медицинското, Електротехничкото училиште „Васо Алигрудиќ“ и Средното економско училиште „Мирко Вешовиќ“.
Порталот РТЦГ дознава дека по добиената информација веднаш започнала евакуација на зградата и на вработените.