Уставниот суд на Словенија одлучува дали ограничувањето за движење на граѓаните само во своите општини е уставно

Уставниот суд на Словенија ја почна постапката за оценување на уставноста на одлуката на Владата со која на граѓаните, како една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот им забрани да ги напуштаат општините во кои живеат. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, се уште не се открива кој ја поднесел претставката до Уставниот суд.

Во словенечката јавност по одлуката за ограничување на движењето само во општините каде граѓаните имаат пријавено живеалиште, се појави сомнеж дека се работи за неуставна одлука.

Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, пред неколку денови на социјалните мрежи напиша дека без оваа мерка бројот на тешко болни и починати поради коронавирусот ќе бил многу поголем.

Оваа мерка за ограничување на движењето владата ја донесе на 29 март и се уште е во сила.

Треба да знаете
Последни објави