Црна Гора ги продолжува мерките поради коронавирусот до 30 април

Националното координативно тело на Црна Гора ги продолжи до 30 април мерките воведени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Во Црна Гора е воведен полициски час – од понеделник до петок од 19 до 5 часот следниот ден, во сабота од 13 до 5 часот следниот ден, а во недела од 11 до 5 часот наутро следниот ден.

Меѓу другото, во Црна Гора, постои и забрана за собирање во станбени објекти за лица кои не се членови на семејство.

Со мерките се предвидува ограничување на бројот на купувачите во однос на површината на продавницата, така што може да се лоцира само еден потрошувач на 10 квадратни метри.

Забрането е влегување на странци, освен за странци со постојан или привремен престој во Црна Гора и странци кои управуваат со моторни возила кои превезуваат стоки.

Сообраќајот на стоки за потребите на Црна Гора, како и за транзитот останува непречен, со посебни мерки на здравствена и санитарна контрола, пренесуваат црногорските медиуми.

Според оваа одлука, самоизолацијата останува задолжителна за сите црногорски граѓани, како и за странците кои имаат постојан или привремен престој во Црна Гора, кои доаѓаат од странство.

Забраната за обезбедување на угостителски услуги во хотелите, освен регистрирани гости, сè уште е во сила, а затворени се дискоклубови, барови и ноќни клубови, кафулиња, кафетерии, ресторани, освен угостителските објекти кои обезбедуваат храна и овозможуваат преземање на храна и оброци, со забрана за престој на гости во самите објекти.

Исто така затворени се трговските центри, детските игрални, фитнес-центрите, казината, обложувалниците.

Треба да знаете
Последни објави