Медицинска сестра во Британија се породила, па починала од корона

Медицинска сестра во Велика Британија која била бремена и позитивно тестирана за коронавирусот, починала по породувањето, но нејзиното бебе е спасено.

Мери Агјеива Аџапонг (28), која работела во општото одделние во универзитетската болница Лутон и Данстабл, починала во неделата, на 12 април

Откако нејзината состојба започнала да се влошува, лекарите извеле итен царски рез за да го роди бебето. Лекарите првично мислеле дека родилката покажува знаци на подобрување, но Аџапонг починала на 12 април, пренесува „Канал 4“.

Пријавено е дека бебето е девојче во добра состојба, но нема информации дали и тоа е позитивно на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави