
Четириесетгодишниот Р.С. од Раец, Кавадарци, кој беше пријавен од неговата сестра во полиција дека е исчезнат во утринските часови на 29-ти април, жив и здрав се вратил во семејниот дом, пишува Фокус.
Во врска со случајот од СВР Велес изјавија дека веднаш по пријавата на сестрата, започнале со преземање на мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице.
По пет дена од пријавата пак, во вечерните часови во саботата, тој самиот се вратил, а сестра му ја известила полицијата дека си дошол во семејниот дом.
Каде бил во меѓувреме, нема информација за јавноста.
Од СВР Велес само потврдија дека лицето е во својот дом.