Skip to main content
Свет

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун посети воен погон за производство на модерни тенкови

04/05/2025  14:41

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун посети фабрика за тенкови и изрази задоволство од подобрениот структурен дизајн на тенковите произведени во неговата земја. 

MK Summit

Севернокорејската државна медиумска агенција КЦНА соопшти дека за време на обиколката на фабриката, Ким ја нагласил потребата од модернизација на армијата со најсовремени оклопни борбени возила.

Ким бил информиран за состојбата на производството, модернизацијата и напредокот во спроведувањето на истражувачките задачи поврзани со клучната воена технологија, наведува агенцијата, без да ја открие локацијата на фабриката или датумот на посетата на севернокорејскиот лидер.

„Заменувањето на оклопното оружје од минатиот век во нашата армија со најновите тенкови и оклопни возила е најважното прашање во градењето на вооружените сили и модернизацијата на нашата армија“, порача Ким за време на обиколката на воениот погон за производство, пренесува агенцијата Јонхап.