
РЦУК – Тетово, известува за пожар на запалена куќа на ул.Јордан Златановски бр.32.

Во гаснењето на пожарот во моментот интервенираат 6 пожарникари со 2 ПП возило.
Едно лице се здобило со лесни телесни повреди и истото е пренесено во болница во Тетово.
Причините за настанувањето на пожарот засега не се познати, а надлежните служби ќе спроведат истрага по целосното локализирање на огнот.