Во полициската станица во БиХ, Ж. З. пријавил дека во шумата меѓу Периќ и Дуг, во градот Понир, пронашол човечки скелет без глава, со делови од облека, покрај кои имало ловечка пушка и нож, пишува „Кликс“.
Како што информираат од полицијата на Херцеговско-Неретванскиот кантон (ХНК), за инцидентот биле известени Одделот за криминалистичка полиција на полициската управа Коњиќ и дежурниот обвинител.
Истрагата е завршена, полицијата засега не може да зборува за деталите за случајот, а повеќе информации ќе бидат познати по деталните анализи на пронајдените примероци.