Џелевски откако го победли коронавирусот прв донирал крвана плазма

Предраг Џелевски е првиот донатор на крвна плазма во Србија откако ја добил битката со коронавирусот. Џелевски донирал крв во саботата во Заводот за трансфузија во Белград, со надеж дека останатите заболени кои ќе оздрават ќе ги следат неговите стапки.

-Сите беа исклучително љубезни, а во еден момент телефонски ме исконтактира и премиерката Ана Брнабиќ што пријатно ме изненади, ми се заблагодари што од антителата од крвната плазма ќе се прават серуми да им се помогне на заболените, вели Предраг.

Крвната плазма можно е да се донира три недели после вториот негативен тест, кога пациентот уште еднаш се тестира.

-Им советувам на сите кои можат да го сторат истотот и да донираат крвна плазма затоа што така ќе помогнат во оздравувањето на другите луѓе, инаку моја препорака е и понатаму да се седи дома – да се почитуваат мерките, затоа што од коронавирус луѓето умираат, додал Предраг.

Треба да знаете
Последни објави